СЕ ЗАДУШИВМЕ: Еве колку е загаден воздухот во Македонија!

Куманово денеска е високо загадено, а нешто помала загаденост имаат скопските општини и Тетово, покажаат податоците од Мерните станици на Министерството за животна средина.

Дебар, Кичево, Струмица, Кавадарци, се ниско загадени.

Во Куманово моментално според Мој воздух има 163 ПМ честичка на 100 микограми, а слично ниво е забележано и во Центар.

Во Тетово има 75 ПМ на 100 микрограми, во Гостивар 101, во Струмица 40, Велес 22.

На ранг листата на air visual, денеска Скопје е 22 најзагаден град во светот. Пред нас е Сараево на 21 место.

Прв е Лахоре во Пакистан.

Скопје деновиве беше на 8 место на листата на најзагадени градови во светот, а минатата недела се позиционираше на високата 6 позиција.

Македонија е меѓу најзагадените земји на Балканот. Европската агенција за животна средина во извештај за квалитетот на воздухот во Европа за оваа година ги објави и податоците за смртност во апсолутни вредности. Извештајот ги покажува последните официјални податоци за квалитетот на воздухот од повеќе од 2.500 мерни станици, а се однесува на 2015 година. Во Македонија поради загаден воздух имало 3.000 смртни случаи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари