СДСМ бара од Мицкоски да одговори на повикот за помирување

Мицкоски не одговори на повикот за помирување и национално обединување, него го интересира само стариот принцип на мешање на извршна во судска власт, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по прес-конференцијата на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски е навикнато на стариот принцип на интервенции на извршната врз судската власт. Тие ништо не научиле и како да заборавиле дека помина времето кога нивниот поранешен, а сега осуден премиер рецитираше изрекување притвори и судски пресуди. Македонија има независно и професионално судство, ниту Мицкоски ниту Груевски, ниту кој било друг не може да интервенира врз судски одлуки“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Владејачакта партија побара од Мицкоски и раководството да одговорат дали се за национално обединување и дали се за членство во ЕУ и НАТО.

„Конечно, ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ одлучи и понатаму, по секоја цена да ја блокира иднината, го повикуваме секој пратениик да се издигне на висина на овој историски момент и да гласа за членство на Македонија во НАТО и ЕУ и за подобар живот за сите граѓани.
Ако тоа не се случи, мнозинството во Собранието ќе изгласа предвремени избори на кои ќе бидат обезбедени потребните две-третини во Собранието“, смета СДСМ.

Премиерот Зоран Заев претходно, денеска, од собраниската говорница повика на помирување за настаните од 27 април.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари