РЕКА НАРОД на протесниот марш на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО+ВИДЕО)

Со денешниот протест ја прогласуваме и почнуваме нашата национална, економска, социјална и образовна, сеопфатна и сеопшта револуција против погрешното владеење на Зоран Заев. Економското и националното разнебитување, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по средбата со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, Мицкоски напомена дека протестот е вид пркос и манифестација на се она што ги тишти граѓаните и ќе продолжи, не само во Скопје, туку и во други градови низ Македонија.

Според него, 28 ноември има симболика за ВМРО-ДПМНЕ и за целокупното, како што наведе, црно владеење на Заев.

-Тоа е денот кога беше направен упад во правниот систем на Македонија, кога вицепремиерот и министер за внатрешни Оливер Спасовски по налог на Заев, без да им биде симнат имунитетот на пратениците, со лисици на рацете правеше спектакли во јавноста и прогласи дел од тие луѓе за терористи и насилници. Денеска гледаме дека дел од тие се луѓе кои имале европски карактер. Ги поканувам сите граѓани кои сакаат да им застанат на патот на СДСМ и на Заев во ова национално разнебитување, економско разнебитување и разнебитување по која било основа и погрешно владеење, да ни се придружат, да застанат рамо до рамо со нас, да ја поченеме оваа напа сеопфатна и сеопшат револуција, рече Мицкоски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари