Рафајловски: Не се потребни повисоки даноци туку даноци кои сите ќе ги плаќаат

Експертите се едногласни дека наводната даночна реформа за праведни даноци ќе нема речиси никаков ефект во буџетот на Република Македонија. Имено токму на оваа тема говореше и бизнисменот Горан Рафајловски во емисијата Отворено студио на телевизија Алфа кој потенцираше дека ефектот од средствата од ново наметнатиот прогресивен данок ќе биде минорен.

-Ефектот уште пред седум дена кога ме прашаа, кажав дека ќе влијае не повеќе од 0,6 до 0,7 проценти, што значи дека ефектот не само што е мал туку е минорен, вели тој.

Рафајловски посочи дека овие средства се недоволни за било каков проект, а постои опасност истите да се расцепкаат и да немаат никаков ефект.

-Инаку овие средства се стварно недоволни било што да почне. Тоа не дај Боже да ги разделите на повеќе парчиња, што значи дека олку мали средства, а толку голема галама е стварно смешно и секоја дебата е вон дискусија.

Според него единствено бизнис заедница ја тангираат ваквите реформи поради фактот што на нив е товарот на ваквиот данок, а проблематично е што зголемувањето на данок се случува ненајавено без да се овозможи простор за овие нови трошоци да бидат испланирани во буџетот на компаниите. Рафајловски напомена дека во Македонија најголем проблем е даночната евазија, а не големината на даноци, според него тоа е најголемиот проблем во државата.

-Освен што можам да ја разберам бизнис заедница комплетно на која и припаѓам и јас вклучително дека излегува дека тие што цел живот плаќаат и плаќаме ќе треба сега повеќе да платиме. А тие што не плаќаат или воопшто не или гледаат на било каков начин да не плаќаат ќе продолжат да не плаќаат. И ако зборуваме за праведна како што сака да се каже даночна реформа каде што побогатите ќе плаќаат повеќе јас би замолил сите да плаќаат бидејќи на асфалтот газиме сите ние и јас газам и тој што плаќа и тој што не плаќа данок. И јас сум на мој термин исто како и останатиот што плаќа многу помалку.

Поврзани

Најнови вести

Коментари