Работник во Штип паднал од 3,5 метри височина на бетонски под

Работник е тешко повреден во Штип, откако паднал од 3,5 метри височина на бетонски под. Несреќата се случила вчера  околу 13.00 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, при изведување градежни работи на станбен објект.

,О.С. (54) од Штип, вработен како лимар, од засега непознати причини паднал од висина од 3,5 метри на бетонски под. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што поради сериозноста на повредите бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари