Приведен градоначалникот на Демир Хисар - се заканувал со телефонски разговори (ВИДЕО)

Градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски им се заканувал на вработените во училиште поради што полицијата го привела.

Како што потврдуваат извори од МВР, граданочалникот на општина Демир Хисар од СДСМ, Марјанче Стојановски, е приведен утрово.

- Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму, им вели разбеснатиот Стојановски на вработените во училиштето, пренесе Лидер.

 

Марјанче Стојановски на градоначалничката позиција дојде на последните избори.

Министерот Спасовски минатата недела, при посетата на полициската станица Бутел, повика да се пријават закани до граѓаните поврзани со референдумот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари