Приведен 22-годишен стружанец, нелегално поседувал оружје

Во текот на вчерашниот ден при извршен личен преглед кај 22-годишниот У.В. од струшкото село Поум, пронајдено било огнено оружје пиштол марка „црвена застава“ калибар 9 милиметри и рамка со девет куршуми, кои нелегално ги поседувал, соопштија од СВР Охрид.

„Прегледот е извршен во кафетерија во селото Делогожда каде е забележан а потоа, веднаш е приведен во полициската станица во Струга“, се вели во нивното соопштение.

По консултација со Јавен обвинител и судија на претходна постапка, У.В. е лишен од слобода, велат од полицијата и додаваат дека против него, по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари