Прилепчанец тешко повреден по пад во сала на битолскиот Универзитет

Педесет и петгодишен прилепчанец тешко се повредил откако паднал од поголема височина во Битола.

Како што информираат од МВР, прилепчанецот во пладневните часови на 06. декември поставувал осветлување во сала на објектот на Универзитетот во Битола, при што паднал и се здобил со тешки повреди.

По падот му била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Битола, а полицијата извршила увид на местото на настанот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари