Прилепчанец кој се закнувал преку „Фејсбук“ заврши во полициска станица

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во координација со Обвинителството, презеле мерки и активности против 40-годишно лице од Прилеп, поради споделена објава со закани по живот на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Како што соопшти полицијата, лицето со иницијали М.С. се гони поради поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

„На 12 јануари М.С. е повикан на службен разговор во полициската станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против М.С. ќе биде поднесена кривична пријава“, соопшти МВР.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика информира дека ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Оттаму ги повикуваат сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected]

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари