Пријава за скопјанец, со објава на Фејсбук ја загрозил безбедноста на пратениците

Полицијата поднесе кривична пријава против 49-годишен скопјанец за загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Тој на социјалната мрежа Фејсбук споделил објава со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието.

,,Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје презеде мерки и активности поради споделена објава на социјалната мрежа Фејсбук од страна на Б.Б. (49) од Скопје, со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието жи поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик”, соопшти МВР.

По наредба на Основното јавно обвинителство – Скопје, скопјанецот вчера бил повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected], велат од МВР.
 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари