Прибе два дена во Скопје се среќавал со судии и обвинители за да им каже дека треба да бидат транспарентни и одговорни

(архивска фотографија)

Европскиот експерт, Рајнхард Прибе од 5 до 7 декември бил во Скопје со група негови колеги по владеење на право кои ја оценуваа состојбата со владеењето на правото во 2015 и 2017 година. Прибе сакал да направи увид во спроведувањето на препораките кои ги дала групата за судските реформи. Тој се сретнал со академици, судии и обвинители, и од нив побарал да работат на подобрување на имиџот на правосудството.

„Г. Прибе, меѓу другото, потсети на потребата следниот пакет измени на Законот за судови и на Законот за судски совет целосно да ги содржат веќе издадените и претстојните препораки од Венецијанската комисија и експертите од ЕУ. Г. Прибе уште еднаш ја нагласи потребата да се обнови довербата во судските институции, особено преку конкретни мерки за зголемување на транспарентноста и за промена во однесувањето. Воедно, инспекциите на Системот за електронско распределување на судските предмети (АКМИС) треба да дадат конкретни резултати преку истраги од страна на Јавното обвинителство и проверка од страна на Судскиот совет“, пишува во официјалното соопштение.

Во препораките пишува дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители треба да работат на препораките од групата високи експерти по владеење на право, особено оние кои се однесуваат на штитење на независноста на судството и на осигурување на неговата отчетност. Прибе побарал да се спроведат препораките од оценската мисија за обуките во Академијата за судии и јавни обвинители.

Прибе ќе ја извести Европската комисија за подготовките на следниот редовен извештај за земјата, кој ќе биде објавен пролетта 2019 година.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари