Прегазен пешак во Гостивар

Пешак загина во сообраќајна несреќа која вчера се случи во Гостивар на улицата „Браќа Ѓиноски“.

Како што информираа од МВР, товарно моторно возило „Мерцедес“ со приколка со гостиварски регистерски ознаки, управувано од 52-годишен гостиварец со иницијали А.Т., удрило во 65-годишен пешак исто така од Гостивар.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари