Поради магла намалена видливоста на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет и натаму се бележат во Тетово, Попова Шапка, Маврово и Дебар, а поради појава на магла на планинскиот превој Стража намалена е видливоста и до 100 метри, информираат од Авто мото-сојузот на Македонија.

Забрана за движење на тешки товарни возила и натаму има на патните правци, крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, Струга – граничен премин Ќафасан и Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари