Помпео: Македонските лидери покажаа визија и истрајност

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео соопшти дека Соединетите Американски Држави ја поздравуваат одлуката на македонското Собрание за усвојувањето на уставните амандмани неопходни за ратификација за договорот со Грција.

„Македонските лидери демонстрираа визија и истрајност во настојувањето да изнајдат решение за спорот околу името, што ќе ѝ овозможи на Македонија со право да го зазеде своето место во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на „Стејт департментот“.

САД го гледаат тоа како историска шанса за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот ширум регионот, укажа Помпео.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари