Пишев демантира: Не реков дека ќе убиеме, туку дека ќе умреме за Македонија

Најостро ја осудувам грубата и тенденциозна манипулација на порталот а1он, но и на други медиуми и портали кои ја пренесоа веста со наслов дека јас наводно сум рекол “Ако треба и ќе убиеме за Македонија”,  вели пратеникот Васил Пишев преку демант.

„Таа реченица никогаш и никаде не сум ја рекол, пишал или изјавил и е тотална невистина и лага. Моето пишување кое го пренесоа почесните медиуми во такви околности на неконтролиран влез на луѓе, јас пишав, ако треба и ќе умреме за Македонија. И, тоа и денес го мислам дека тоа е свето право на секој Македонец. Потенцирам, дека за да умреш или да убиеш има огромна разлика дури и за малите деца“, се вели во демантот на Васил Пишев.

Со ништо не сум заслужил, вели тој,  мојата чест и углед да биде нарушена и тоа никогаш нема да го дозволам.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари