ПАРКИНГ НИГДЕ ДА НЕ СЕ ПЛАЌАЛО: Македонската амбасада во Канбера меѓу најголемите должници за погрешно паркирање

Австралискиот весник „Канбера Тајмс" објави листа на амбасадите во Канбера со најголем број сообраќајни прекршоци, кои се истовремено и најголеми должници за погрешно паркирање.

Македонската амбасада е на 12 место од листата должници со 15 сообраќајни прекршоци за лошо паркирање оваа година и треба да плати казни во износ од 2.144 австралиски долари.

Најнедисциплирана во Австралија е руската амбасада.

Египетската адо 2015 година ги плаќала сите казни на своите вработени, но отогаш само на службените дипломатски возила, а службениците со свои возила со дипломатски таблички се должни сами да ги подмират казните.

Законот беше променет пред две години, па за првпат дипломатите кои прекршиле сообраќајно право или не почитувале правила за паркирање, доколку одбијат да ги платат казните, може да ја изгубат возачката дозвола.

Медиумот пишува дека имало поплаки поради однесувањето на дипломатите кои го попречувале спроведувањето на законот во минатото. Документите објавени во 2016 година откриле бројни прекршоци.

Еден саудиски дипломат возел над 135 км/ч во 02:00 наутро, а потоа при увидот имал проблеми со полицијата.

Друг саудиски дипломат бил фатен како возел над дозволеното, наместо 80, 107 км на час. Сите се обиделе да ја избегнат казната и се расправале со полицијата, пишува Канбера тајмс.

Поврзани

Најнови вести

Коментари