Отворена најсовремена лабораторија за испитување храна и вода во Куманово

Во Куманово денеска беше пуштена во употреба најсовремена акредитирана лабораторија за микробиологија и паразитологија по најнови светски стандарди со вкупно 19 методи за испитувањена на храна и вода.

Во оваа лабораторија ќе се испитуваат сите видови на млеко и млечни производи, месо и месни производи, јајца, вода, сокови, пиво, зачини, сточна храна и други производи.

Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ, посочи дека домашните инвестиции се основата на македонската економија и токму заради тоа сите домашни инвеститори имаат поддршка од Владата. „Посебно радува фактот што оваа инвестиција е во Куманово затоа што на тој начин значително се придонесува за развој на локалната економија и пред сè вработување на локалното население”, изјави Шапуриќ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари