Општина Центар, партнер-општина на Европската платформа за намалување на ризици од катастрофи

Од 21 до 23 ноември во Рим, Италија, се оддржа Европскиот форум за намалување на ризици од катастрофи кој е во организација на Владата на Италија и Канцеларијата за намалување на ризици од катастрофи на Обединетите нации во партнерство со Европската комисија и Советот на Европа.

Форумот служи како интегрирана платформа за заинтересираните страни во Европа, којашто на едно место ги собира заедно министрите, меѓувладините организации, парламентарците во Европската Унија, лидери на влади, научни и академски институции, приватни бизниси, невладини организации и општини, соопштија од Општина Центар по завршувањето на форумот.

Тие се поттикнати од климатските промени, катастрофите предизвикани од природни катастрофи како главен предизвик во заштитата на развојот што го постигнале нашите нации и заедници, стои во соопштението и се додава дека од ваква гледна точка, оваа година форумот ќе се организира на тема „Осигурување на просперитетот на Европа – Намалување на ризиците од катастрофи“.

На Европскиот форум во Рим градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, ја потпиша декларацијата на UNISDR, со што се заложи општината да развие оддржливост на животната средина, ублажување на климатските промени, како и намалување на загаденоста, соопштија од Општина Центар.

Со потпишувањето на декларацијата, општината се обврза да ги споделува целите и задачите на UNISDR и официјално се приклучи во светската кампања и во Европската платформа како „партнер-општина”.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари