Одбележана 11-годишнина од хеликоптерската несреќа кај Блаце

Во помен на единаесетте припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ кои трагично загинаа во хеликоптерската несреќа пред единаесет години, денес со полагање на свежо цвеќе се оддаде почит на местото на несреќата кај катлановско Блаце и во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец.

Почит на загинатите припадници на спомен обележјето им оддадоа делегации од Министерството за одбрана, предводена од заменик министерот за одбрана, Беким Максути, ГШ на АРМ предводена од директорот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Зоран Милески, Здружената оперативна команда, воздухопловната бригада, 1. механизирана пешадиска бригада, општина Петровец и членовите на семејствата на загинатите припадници.

Почит на загинатите со едноминутно молчење и полагање на венци со свежо цвеќе од страна на делегации од Здружената оперативна команда и вбр им се оддаде пред спомен обележјето и пред командата на вбр во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец.

Годишнината од хеликоптерската несреќа ќе биде одбележана и во кампот Бутмир, Сараево, во Босна и Херцеговина каде нашите мировници беа дел од мисијата „АЛТЕА“.

Хеликоптерот Ми-17 се урна на 12 јануари 2008 година кај катлановско Блаце, враќајќи ги потполковникот Тони Спасовски, мајорот Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари