Нова измама со лажна сообраќајка – скопјанка (82) останала без 170.000 денари

9.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нова измама со лажна сообраќајка – скопјанка (82) останала без 170.000 денари

Во СВР Скопје вчера претпладнето 82-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 170.000 денари.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која загинало дете и дека е потребно да плати за да не оди во затвор.

Како што е пријавено, таа излегла на улицата и ги дала парите на машко лице, но подоцна сфатила дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа, односно дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштува СВР Скопје.

The post Нова измама со лажна сообраќајка – скопјанка (82) останала без 170.000 денари appeared first on NetPress.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата