Непозната жена извлечена од водите на Вардар

Денес околу 10:30 часот, случајни мунувачи извлекле женско лице во водите на реката Вардар, во непосредна близина на мостот кај поранешната кланица кај Горни Полог во Гостивар, потврдуваат за „Република" од СВР Тетово.

Случајот кај нив бил веднаш пријавен од страна граѓанката која се пронашла на местото. Веднаш интервенирала екипа на Брзата помош и жената била пренесена во гостиварската болница, каде лекарите констатирале смрт.

Како што известуваат од СВР Тетово за „Република", идентитетот на починатата жена сè уште е непознат, но се работи за жена на возраст од 70-80 години.

Во моментот треба да започне увид на Јавен обвинител и полициски екипи, по што ќе се знаат повеќе детали.

Поврзани

Најнови вести

Коментари