Не помина предлог-законот за амнестија на ВМРО-ДПМНЕ

Со 59 гласа „против“ и 25 „за“, пратениците отфрлија предлог-законот за амнестија за сите осомничени, обвинети и осудени за 27 април на ВМРО-ДПМНЕ да се стави на дневен ред.

Пратеничката Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ образложи дека законот за амнестија се однесува на сите осомничени, обвинети и осудени за 27 април.

„Се однесува на лица за кои има првостепена одлука, но немаат добиена одлука од судот сè уште, за оние кои им се судеше за обид за убиство на Зијадин Села. Но опфатени се и оние кои се гонат за терористичко загрозување на безбедноста. Оставаме на сите пратеници простор да работиме заедно да најдеме решение да им помогнеме. Ако Заев и парламентарното мнозонство вистинки сакаат помирување нека го поддржат овој закон. Овој закон не е селективно помируивање како што сакаат тие преку ткн. тело за помирување. Целта на овој закон е национално помирување“, рече Стаменковска пред гласањето.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари