Наместо договорот од Преспа, Каменос во Вашингтон предлага меѓудржавни безбедносни договори (ВИДЕО)

Грчкиот министер за Одбрана Панос Каменос на Американците им презентирал план Б кој според него би требало да го замени договорот од Преспа. Панос Каменос, на средбите во Пентагон и Стејт Департментот, уверувал дека реферндумот не е успешен и дека Скопје се однесува неодговорно, наспроти Атина која досега покажала само добра воља за решавање на спорот за името.

Тој на својот американски колега Мaтис и на заменик државниот секретар Мичел, им предложил потпишување на договор за безбедност мегу Грција, Албанија, Македонија и Бугарија, на кој подоцна би се приклучила и Србија.

Според Каменос со овој договор би се спречило навлегувањето на руското влијание во Македонија без да биде потребно решавање на прашањето за името. Од владата на Ципрас веднаш се оградија од ваквите предлози на својот коалиционен партнер.

Ваквите предлози на Каменос досега не се доставени до владата иво ниеден случај не можат да бидат алтернативен план за Договорот од Преспа", порача во ради интеревју Јоргос Катругалос, Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција,

Разногласите во грчката влада во однос на договорот повтороно го искористи опозициската Нова Демократија.

Одговорниот за надворешната политика Јоргос Кумуцакос побара од Каменос ако навистина не се согласува со преспанскиот договор да се повлече од владината коалиција

Шизофренијата во Владата и владината дипломатија во однос на прашањето на Скопје, не само што продолжува туку почна да се шири и во мегународни рамки. Министерот за одбрана Панос Каменос, во очекување Скопје да го отфрли договорот кој, патем, тој самиот го потпишал, им предлага на САД своја сопствена балканска политика, однесувајќи се како да е министер за надворешни работи, наместо Коѕијас, порача Кумуцакос преку медиумите.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари