Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Буково и Плетвар

Сообраќајот на автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатната рампа Градско, е целосно нормализиран , информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува од селото Лисец до Попова Шапка. Намалена видливост до 50 метри, поради појава на магла, има на планиските превои Ѓавато, Буково и Плетвар.

Виадукт трејд известува дека на ден 14.12.2018 и 15.12.2018 ќе се изведуваат градежни активности на Автопат А1, делница Катланово-Велес(пред Наплатна Станица Сопот) и Автопат А1 делница Велес-Катланово (после Наплатна Станица Отовица), за што ќе се изврши промена на режимот на работа на сообраќај согласно Одобрението за времен режим на сообраќај и согласно Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за време на поставување на индукативни јамки на дел од државни патишта на територија на Република Македонија, во времетраење од два дена.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2018 до 01.04.2019 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари