Најмоќни пасошите на Јапонија и Сингапур, македонскиот на 40 позиција

Македонскиот пасош се наоѓа на 40 место, според најновото истражување на компанијата „Henley and partners“ за моќта на пасошите.

Најдобро рангирани се јапонскиот и сингапурскиот пасош, кои го делат првото место, и со нив може да се влезе во 189 земји без виза, покажува истражувањето.

Иако лани беше на првото место, годинава германскиот пасош е на второто и ги отвора границите на 188 земји.

Третото место го делат Финска, Франција, Италија, Јужна Кореја, Шпанија, Шведска и Данска, каде жителите можат да патуваат во 187 земји без визи.

На четвртото место се Австрија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Велика Британија и САД, чиишто државјани можат да патуваат во 186 земји од светот.

По нив следат Белгија, Канада, Ирска и Швајцарија, а нивните сопственици без виза влегуваат во 185 земји.

Од регионот, најбаран е словенечкиот пасош на деветтата позиција, а по него следат хрватскиот и бугарскиот пасош кои го делат 16 место, српскиот на 36 место, македонскиот на 40, па босанскиот и албанскиот на 46 и 47 позиција.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари