На Груевски, Божиновски, Јанакиески и Димовски ќе им се суди и за „Талир“

Судот го одобри обвинението за случајот „Талир“ во кој поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ексгенералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска се обвинети дека незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра во кеш за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро сметката на партијата преку уплатници на име на различни луѓе.

Тие се обвинети за кривично дело „незаконско финансирање на правно лице – политичка партија“. Чингаровска лани призна вина и доби условна казна. Од кривичниот суд информираат дека по формирање на кривичен предмет по оценетиот обвинителен акт, истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на судија за понатамошно постапување.

Што се однесува до второто обвинение за истиот предмет на специјалното јавно обвинителство, а кој се однесува на незаконска изградба на партиското седиште, судот сè уште не донел одлука. Обвиенинето е распределено кај судија за оценка и по донесено решение, јавноста ќе биде информирана.

Со второто обвинение за „Талир“ за изградбата на новото партиско седиште, пак, се обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски. Според обвинението тие склучиле договор за изградба на објектот со градежната компанија „Бетон“ од Штип, иако не смееле тоа да го направат затоа што оваа фирма имала склучено договори за јавни набавки со други државни институции. Со договорот со „Бетон“ тие договориле „несразмерна корист“ за ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин се стекнале со имотна корист од над 8 милиони евра за партијата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари