МВР: Граѓаните да се воздржат од употреба на пиротехнички средства, и други нарушувања на јавниот ред и мир

Министерството за внатрешни работи, во пресрет на новогодишната ноќ, преку соопштение упати апел до граѓаните максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства, како и од други нарушувања на јавниот ред и мир.

„Неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија. Неовластената употреба на пиротехнички средства (петарди, палење ракети и други пиротехнички средства) со кои се нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните се казнува со глоба во износ од 200 до 500 евра“, се нведува во соопштението на полицијата.

Оттаму исто така апелираат до сите учесници во патниот сообраќај да бидат внимателни и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да поседуваат зимска опрема и да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата. Сите нарушувања на јавниот ред и мир да ги пријават во полициска станица или преку бесплатниот телефонски број 192“, се наведувa во соопштението.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари