Министерот за дијаспора ги повика иселениците да гласаат на референдумот

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми упати јавен повик до иселениците да гласаат на престојниот референдум.

„Имаме граѓанска одговорност да донесеме правилна одлука, да излеземе и со нашиот глас да придонесеме кон заедничка, подобра иднина. Сплотени, со здружени сили, заедно можеме да ја обезбедиме иднината на нашите деца. Одлуката зависи исклучиво од нас самите, наша е одговорноста. Вие одлучувате, дали Република Македонија ќе биде членка на Европската Унија (ЕУ) и НАТО, со прифаќање на договорот со Република Грција. Имаме граѓанска одговорност. Сега е време за одлука“, се вели во повикот на Адеми.

Пријавувањето започна вчера и ќе трае до 23 август, на веб-страната на Државната изборна комисија. Референдумот ќе се одржи на 30 септември. Прашањето ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари