Мицкоски јасно кажува - Жане не сака да го разбере (ВИДЕО)

Во вечерашната емисија на „Топ Тема" на Телма, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски говореше за ставот на партијата околу склучениот договор помеѓу Македонија и Грција.

Тој потенцира дека во референдумското прашање се поставени три прашања, а од кои само едно се однесува на промена на името, за што всушност и е овој референдум. Референдумот е за промена на името.

 

- Ние имаме прашање кое што еден од трите дела на прашањето се однесува на договорот, а другите два дела се неприродно поврзани со третиот дел, а тоа се ЕУ и НАТО зашто граѓаните во Република Македонија и сите други посериозни политички партии одамна акламативно се изјасниле дека се ЗА. Тука нема никаква дилема впрочем ви дадов и еден правен аргумент каде што уставниот суд на 18-ти февруари оваа година вели нема потреба референдумско известување за членство во НАТО бидејќи одлуката донесена 1993 година е сосема доволно, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како партија е принципиелна, чесна и искрена.

– Велиме ова решение требаше да биде дел од референдумското прашање, и јас веднаш истиот момент, доколку договорот беше ставен на реферндумското прашање, само договорот зборам, односно решението кое што е постигнато, ќе го поддржев она што претходно во јуни месец, Вие го цитиравте од прес конференција ќе кажев ДА излагам и ќе работам на тоа, да ги убедам граѓаните да излезат да гласаат против, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Потпишува некој договор, се коцка со интересите национални. Самиот кажува, вели „Се коцкав ол ин, со интересите на народот, фрлив се на една карта", а со цел да го обелам моето приватно досие, да можеме плус неколку десетици милиони евра да завршат во семејните компании, истакна во вечерашното гостување во Топ Тема на Телма телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

- Да има живот како што е навикнат, да има привилегии. Со една реченица, вложи се што има Македонија за да може да ужива привилегии и бенефити тој и неговото семејство, без притоа Македонија и граѓаните да имаат реална гаранција дека еден дел навистина ќе живеат подобро, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски нагласи дека ниту еден сериозен политичар не вели „Јас ви гарантирам дека ако овој Договор биде ефективен, Република Македонија ќе биде еден ден дел од ЕУ доколку вие ги исполните сите други критериуми". Никој не го гарантира тоа.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека има луѓе кои кои не веруваат во политките на оваа власт и тоа се луѓе кои имаат гнев насочен кон СДСМ и Зоран Заев и нивните политки како се води државата.

– Овие луѓе природно се револтирани, не веруваат на институциите што ги предводи СДСМ и Зоран Заев, тоа се луѓе кои имаа гнев насобрано во себе на начинот на кој што Зоран Заев ја води политиката, ја води државата и СДСМ во изминатава година ипол и не веруваат дека ова може да биде кредибилино референдумско изјаснување. Нормално е како резултат на тоа неверување на тие институции кои што ги предводи Зоран Заев и СДСМ, да го изразат сопственото мислење и став на начин на кој што ќе премолчат и апстинираат, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, онаа група на луѓе кои оваа чесна и искрена идеја за апстинирање врз основа на сите овие принцпи се одлучиле да апстинираат. Мицкоски додава дека Заев не може да го разбере револтот на граѓаните, а од друга страна природно тој не не припаѓа во таа нивна средина.

Тој додава дека оваа група на луѓе некој сака да ја злоупотреби и да ги злоупотреби нивните чесни намери.

Поврзани

Најнови вести

Коментари