Мицкоски да не се крие зад подмладокот, туку да каже што го советувал Груевски, порачаа од СДСМ

Од владејачката СДСМ го повикаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да одговори што го советувал неговиот претходник, Никола Груевски.

„Дали Мицкоски го советувал за одлуката на владата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на дневната евтина тарифа на струјата, што резултираше со повисоки сметки за граѓаните? Дали го советувал Груевски да се намали производството на електрична енергија за да се увезува струја по повисоки цени, заради лично богатење на поединци блиски до ВМРО-ДПМНЕ? Дали Мицкоски советувал да не се спроведуваат енергетските реформи заради заштита на одредни бизнис интереси? ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да го оправда Мицкоски.“ велат од СДСМ.

Неспоредливо е, велат од СДСМ, тоа што Груевски имал 91 советник, и тоа само во периодот 2010-2016, кои ја чинеле државата односно граѓаните 1,73 милиони евра годишно. Додека, како што додаваат од партијата, ангажманите на советниците и соработниците на премиерот Зоран Заев се јавно обелоденети и за нив се издвојуваат тројно помалку средства од Буџетот.

„Расипничкото, недомаќинско и нетранспаретно владеење се одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тие се минато. Владата предводена од СДСМ, водејќи се од принципите на отчетност и транспарентност сите советници на премиерот Заев јавно ги објави на официјалната веб страница на Владата на Република Македонија. Тоа е вредносна разлика што за ВМРО-ДПМНЕ е несфатлив“ се додава во соопштението на СДСМ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари