Мета: Ова е една многу важна историска одлука за Македонија, но и за целиот регион на Балканот

Албанскиот претседател, Илир Мета го поздрави изгласувањето на уставните измени во македонскиот парламент, кои, како што напиша на социјалната мрежа „Фејсбук“ ќе му дадат живот на Преспанскиот договор и ќе ја изведат Македонија конечно на евроатланскиот пат.

„Ова е една многу важна историска одлука за Македонија, но и за целиот регион на Балканот. Ја поздравувам посветеноста на премиерот Зоран Заев, како и на албанскиот фактор во Македонија кои обезбедија консензус. Албанија ќе продолжи силно да ја подржува Македонија и сите нејзини соседи на патот на евроатланската интеграција“, напиша Мета на „Фејсбук“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари