Меркел: Решението за името ќе биде од корист и за Северна Македонија и за Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина го користи името Северна Македонија за нашата држава, според она што го објави „Катимерини“.

Весникот на веб-страницата пренесува изјава од Меркел во која вели:

„Благодарна сум на Алексис Ципрас, кој работеше со г-дин Заев за решение за номенклатурата.  Името Северна Македонија е јасно. Јасно е дека односите се формирани. Можам само да му честитам на грчкиот премиер, бидејќи решението нема да биде од корист само за Грција и Северна Македонија, туку и за цела Европа.

Грчкиот премиер рекол дека разговарал со Меркел за Балканот и за важноста на Преспанскиот договор за мирот, стабилноста и развојот на регионот и Европа.

„Ја истакнавме важноста на Преспанскиот договор за регионот и за Европа. Договорот покажува дека општоприфатените решенија, без наметнување на двете страни една на друга, се изводливи“, рекол Ципрас, пренесе „Катимерини“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари