Медиумите во соседството пишуваат дека е Денот Д за Македонија?

„Историска седница на Собранието", „Денот Д за Македонија", и „Заев понуди амнестија за двотретинско мнозинство", се дел од насловите во медиумите во Србија.

Ова се однесува за денешната седница за уставните измени на македонското Собрание.

Речиси сите медиуми велат дека премиерот Зоран Заев повикал на национално помирување и дека „на највлијателната опозициска сила ВМРО-ДПМНЕ, како гест на добра волја и понудил амнестија за нејзините членови на кои им се суди за насилствата во Собранието на 27 април минатата година", во замена за поддршка за уставните измени и поддршка на Договорот со Грција.

Поврзани

Најнови вести

Коментари