Медиа-планови за кампањата за референдумот се доставуваат на дневна основа, информираат од Собранието

Согласно законските одредби, како и Правилникот за подготовка, организирање и спроведување на референдум на државно ниво, Собранието на Република Македонија е единствен носител на јавната пропаганда за Референдумот 2018, односно на времето определено од страна на радиодифузерите за Јавната пропаганда за референдумот, и постапува според законските прописи и според правилата донесени од страна на Координативното тело на Собранието, информираат од законодавниот дом.

„Во согласност со Одлуката на Државната изборна комисија, предвидениот медиумски простор за пропаганда се однесува на овластениот предлагач, односно Собранието на Република Македонија“, велат од Собранието.

Координативното тело, додаваат, утврдува општ медиа-план за јавна пропаганда, со определување на времетраењето на медиумското преставување, согласно пропорционалната застапеност на пратениците во Собранието кои се изјасниле позитивно за учество во јавната пропаганда, и е во сооднос 59 отсто За и 41 отсто Против.

Јавната пропаганда се води преку медиумско претставување во националните и локалните радиодифузери и преку дневните весници. Поточно, медиумите кои доставија ценовници до Државната изборна комисија во предвидениот рок од страна на ДИК. Со нив се склучени договори и до нив, на дневна основа, од страна на Координативното тело се доставуваат медиа-планови, според процентот на искажаните ставови на пратеничките групи и на
пратеници кои не се организирани во пратенички групи, прецизираат од Собранието.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари