Македонија потпиша меморандум за соработка во борбата против тероризмот со Австралија

Во Министерството за внатрешни работи се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Управата за безбедност и контрарузнавање Горан Николовски и делегација на Комонвелтот на Австралија предводена од Рут Стјуарт, нерезидентен aмбасадор на Австралија за Република Македонија, и Пол Фоли, aвстралиски aмбасадор за борба против тероризам.

На средбата беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Австралија за соработка во борбата против тероризмот и беше потенцирана одличната досегашна соработка помеѓу безбедносните служби на двете земји, како и намерите за интензивирање на соработката.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари