Aли Ахмети ќе прави прием за поканата за НАТО

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ќе организира прием за поканата за членство на Македонија во НАТО. Приемот ќе се оддржи во ресторан на улица Македонија. Македонија доби покана за почеток на преговорите за членство во Алијансата по заокружување на сите внатрешни процедури.

Генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг му ја врачи поканата на премиерот Зоран Заев и му честиташе за политичката храброст. Владата организираше манифестации за прослава на поканата за НАТО низ 15 градови во земјата и потроши 180 илјади евра.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари