Кривична пријава против две лица за тешки кражби

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поднесе кривична пријава против двајца битолчани, за сторени две кривични дела “тешка кражба”.

„На 13-ти мај годинава во продавницата на улица “Битолска” до Демир Хисар, пријавените, со употреба на подесен алат делувале на влезната врата, влегле внатре и одзеле поголема количина цигари, ваучери за мобилен телефон, персонален компјутер и други предмети. Исто така, на 07.06.2018 година околу 01,00 часот во продавницата во село Сопотница пријавените, на идентичен начин влегле внатре и одзеле персонален компјутер, пари, поголема количина на цигари и батериска ламба“ соопшти МВР.

Со извршените кражби пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 295.000 денари.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари