Ќе лета директорот на БЈБ - КОЈ Е ЛАЗО ВЕЛКОВСКИ?

Директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски, дојде на функцијата која претходно ја вршеше Митко Чавков.

Велковски дипломирал на Факултетот за безбедност – дипломиран криминалист. Вработен е во Министерството за внатрешни работи од 01 март, 1991 година.

Во текот на работната кариера извршувал работни задачи на повеќе позиции во Министерството за внатрешни работи и Агенција за разузнавањеб и тоа: Водич на безбедносен сектор во МВР до 1992; командир на полициска станица за безбедност во патниот сообраќај; виш инспектор за дежурни служби до 2001 година; заменик командир на полициска станица за безбедност во патниот сообраќај во Скопје, помошник за работи на полиција (шеф на униформирана полиција) во Скопје до 2003 година, началник на СВР-Велес до 2004 година; помошник директор воедно и шеф на кабинет на директорот на БЈБ до 2004 година, бил директор на БЈБ во МВР до 2004 година.

Во Агенцијата за разузнавање бил распореден на повеќе работни места како главен оперативен разузнувач... До 2002 год. бил припадник на ПЕП (Посебните едниници на полиција) при што учествувал во многубројни акции и операции при нарушен јавен ред и мир, посетувал обуки поврзани со професионалниот ангажман.

Спасовски по сканалот со џипот во Грција бара разрешување на Велковски. 

Што всушност се случуваше по обелоденувањето на скандалот?

Одговорот којшто го дададе Министерството за надворешни работи во неделата вечерта, по пишувањето на НетПрес за случајот на службениот џип во Грција, сепак, отвори повеќе прашања, меѓу кои и за целта на престојот на службено возило управувано од службено лице во соседна земја на државен празник.

„МВР во врска со написот објавен од порталот Нет прес, известува дека Одделот за внатрешна контрола и професинални стандарди веднаш доби наредба да изврши проверки и да достави извештај. По извршените проверки, констатирано е дека на ден 2 август 2018 година, возилото „Ренџ Ровер Дискавери Спорт" со регистарски таблички СК-9559-АЛ е управувано од полициски службеник вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти кој возилото го управувал со соодветен службен налог. Возилото во 13 часот и 35 минути го преминало граничниот премин Богородица и патувало на територија на Република Грција.

Возилото е вратено во Република Македонија истиот ден, 2 август 2018 година. Не е точно дека возилото го управувало неовластено лице, ниту пак дека било управувано од член на семејството на директорот на Биротото за јавна безбедност. Ве известуваме дека ќе бидат направени и дополнителни проверки и по утврдување на сите факти, доколку се утврдат неправилности, ќе бидат преземени соодветни мерки", се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Со ваквиот допис очигледно МВР по два дена собраше сили да потврди дека возилото навистина престојувало на територијата на Грција. Откако само неколку часа претходно во неделата беше соопштено само дека „Возилото викендов е во Скопје, во кругот на МВР".

Меѓутоа, бодеше очи токму делот во кој се наведува дека теренецот бил управуван од припадник на Одделот за заштита на определени личности и објекти со „соодветен службен налог". Имено, доколку со возилото не бил превезуван директорот на Бирото за јавна безбедност, се поставува многу логичното прашање: кого обезбедувал полицискиот службеник?! И, тоа, како што покажуваат фотографиите, во грчкиот камп „Евридики". Дали службениот налог се однесувал на споменатата дестинација за летување. ,

Да потсетиме, нашите извори тврдеа дека во луксузниот теренец „Ровер Дискавери Спорт" со регистарски таблички СК-9559-АЛ биле забележани неколку девојки, кои биле сместени во кампот „Евридики", каде се направени и фотографии од возилото. Истите извори наведоа дека една од девојките е токму ќерката на директорот на Бирото за јавна безбедност.

Поврзани

Најнови вести

Коментари