Ќе биде ли протерана од Македонија? Хрватската амбасадорка реобјави навредлив твит за Иванов

Хрватската амбасадорка во Скопје Даниела Баришиќ ја прекрши Виенската конвенција за дипломатски односи преку социјалните мрежи, објави Експрес.мк.

Баришиќ @danijelabarisic на Твитер реобјави навредлив твит во кој се навредува претседателот Иванов.

На социјалните мрежи веќе се поставува прашањето дали Баришиќ за своето однесување треба да биде вратена или протерана од Македонија.

Дел од твитер заедница посочува дека Баришиќ има прилично скромна биографија и дека не се работи за дипломат од кариера и затоа Македонија не треба поради неа да ги нарушува односите со пријателска Хрватска.

Баришиќ пред Македонија била амбасадорка во Бугарија а во Скопје е од 2015 година.

Пред два дена беше меѓу ретките учесници на прославата за поканата во НАТО.

Твитот што го реобјави амбасадорката

Поврзани

Најнови вести

Коментари