Кај две лица од Неготино пронајдени и одземени биле повеќе од 3 200 петарди и огномети

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес кај две лица се пронајдени и одземени пиротехнички средства, информираат од полицијата.

„Од Б.С. на возраст од 52 години од село Тимјаник, неготинско и Љ.Ѓ. на возраст од 57 години од село Долни Дисан, неготинско се одземени повеќе од 3 200 петарди и огномети“, стои во соопштението на полицијата.

ОД МВР велат дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари