Јас ќе бидам премиер на Република Северна Македонија по уставните измени и имплементација на договорот (ВИДЕО)

Никој не може да го ускрати правото да се зборува за Македонска академија, македонска наука, уметност, оро, тоа произлегува од идентитетските прашања. Сето она што е со акт на државата основано, по линија на новото име, кога ќе се случат уставните измени, по полноправно членство во ЕУ, ќе се менува. На државните институции, изјави Премиерот Заев.

 

Ако сега е министерство за здравство, кога ќе завршат преговорите и членството, ќе биде министерството за здравство на Република Северна Македонија. Јас ќе бидам премиер на владата на Република Северна Македонија кога ќе се случат Уставните промени и нивната имлементација како што е опишана во Договорот, истакна премиерот Зоран Заев во емисијата „Само Вистина".
- Но јас ќе бидам премиер на македонската влада, ќе зборувам за македонски јунак, за македонско девојче, македонска економија, така ќе зборувам, изјави премиерот Заев.
Исто така тој рече дека сите државни институции, според договорт ќе ја додадат придавката „Северна" во своето име.

 - МЦМС на пример нема проблем зошто не е државна институција и може да зборува за македонска правда, но ако е финансирано од македонската држава, може да предизвикува иредентизам, но поинаку произлегува од идентитетските прашања, изјави Заев.

Поврзани

Најнови вести

Коментари