Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски.

,, Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети”, вели Јанакиески за „Макфакс“.

Тој ги замоли медиумите да информираат објективно и посочи дека стои на располагање.

,,Повикувам да престане лицитирањето за идни притвори и притисок врз судот. Ниту сум планирал, ниту планирам да бегам и во моментов сум во Скопје, а утре во 9.30 ќе бидам на судското рочиште за предметот „Титаник“. Мојот фокус е кон докажувањето на вината пред надлежните институции”, вели Јанакиески.

Тој посочува дека присуствувал на сите рочишта без исклучок, а некогаш и секој работен ден и ги почитувал мерките определени од судот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари