Иванов: Нашата јавност повеќе верува на обвинет, а не на официјални институции

Претседателот Ѓорге Иванов ги отфрли обвинувањата изнесени на сведочењата во судот за настаните од 27 април, дека тој требало да прогласи воена состојба. Во врска со посочувањето на двајцата негови соработници за вмешаност во крвавиот четврток, Иванов вели дека се прави обид да се сврти целото внимание од главните креатори на настанот кон шефот на државата и неговиот кабинет.

-Имаше изјава и обвинителката, имаше соопштение и од Армијата и од Кабинетот. Веројатно нашите изјави се многу поквалитетни и поиздржани од изјава на обвинет кој прави се за да го одбегне тоа што му следува, рече претседателот Ѓорге Иванов, дополнувајќи дека се создаваат лажни вести и дека јавноста повеќе верува на обвинет, отколку на официјални институции.

Иванов за попладнево во 17 часот најави свое обраќање.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари