Говорот на таткото на Никола Саздовски пред „КОМИТИ“ ќе ви ги распара срцата

Демонстрантите кои беа спречени од полицијата да се приближат до зградата на Министерството, порачаа дека не се дојдени да прават проблеми и бараат институциите да си ја завршат работата.

Полицајците не се виновни. Ве замолувам на една минута молк за Никола и мирно да си заминеме, порача денеска од протестниот марш, таткото на починатиот член на „Комитите", Никола Саздовски, откако полицијата не им дозволи на демонстрантите да се приближат кон зградата на МВР.

„Револтот е огромен, а со ваша помош правдата ќе излезе на виделина. Важно е да нема местенки. Полицајците не ни се непријатели, тие не се виновни, наредено им е да не пуштаат. Барам од сите вас да завршиме мирно, за душманите да не кажат дека сме багра што не знае што сака. Ве замолувам на една минута молк за Никола и мирно да си отидеме", рече таткото на Никола Саздовски.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари