Големиот паркинг на Водно викендов ќе биде затворен

Големиот паркинг на Водно ќе биде затворен за време на викендот во период од 7 до 15.30 часот поради спортски настан, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 08 и 09.12.2018 година (сабота и недела) во времето од 07.00 до 15.30 часот, во организација на АКК Примо АВЈ – Скопје ќе се одржи спортска манифестација „Авто слалом-спретно возење Скопје 2018“ на големиот паркинг на Водно. Од тие причини ќе биде затворен големиот паркинг на Водно“, се вели во соопштението на полицијата.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари