„Го сакам Водно“: Добиваме празни ветувања, кои никој нема намера да ги исполни

Водно и натаму се силува, а институциите се глуви на нашите аргументи, велат активистите од иницијативата „Го сакам Водно“, додавајќи дека инспекциите иако јасно се известени и натаму се пасивни.

„Имаме очигледни празни ветувања, за кои не постои ниту намера да се исполнат. Уништувањето на Водно продолжува и тоа на државен празник во ситуација кога, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјавува дека голем дел од средствата нема да се искористат за изградба на гасоводот и ќе се пренаменат за други проекти“, додаваат од граѓанската иницијатива.

Според нив, директорот на МЕР, Бајрам Реџепи на прашањето дали ќе продолжи изградбата на гасоводната траса преку Водно или ќе запре поради прекројувањето на државната каса, изјавил дека кога ќе добијат дозвола за изменетата траса преку Водно од Министерството за транспорт и врски, тогаш ќе продолжат со изградба на гасводот на тој потег. Од „Го сакам Водно“, децидно тврдат дека такава дозвола до овој момент не е добиена.

Активистите потенцираат дека нема никаков официјален документ издаден од државна институција за изменетата траса и посочуваат дека официјалните документи покажуваат стара траса со 25 метри широчина.

„Бараме веднаш да престанат градежните активности на Водно. Отстранете ја градежната механизација“, велат од инцијативата „Го сакам Водно“.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари