Фрчат казни во државната администрација. Вработените немаат каде се пожалат? (ВИДЕО)

Ме казнија два пати во државната институција каде сум вработен и нема каде да се жалам, со ваква приказна во нашата телевизија се јави човек кој стравува за своето работно место. Второстепената комисија надлежна за инспекциски надзор и прекршочни постапки е разрешена, и сега тој нема каде да се пожали за, како што рече, неоснованоста на одлуката на неговиот претпоставен-да биде казнет. Разбирливо, сакаше да остане анонимен, затоа и не ја откриваме државната установа каде што работи ниту неговиот идентитет, јавува Алфа ТВ.

Споменатата државна второстепена комисија покрива околу 70 отсто од административците- но таа не постои-нејзините членови се разрешени и тоа за време на владеењето на новата гарнитура. Практично, тоа значи дека, во овој момент јавен службеник кој е казнет по било каква основа, нема каде да се жали. И не само оваа, разрешена е и уште една исто толку клучна второстепена комисија – за управна постапка и работни спорови. Сега вработените се во ситуација на страв да не добијат казни, по партиски, политички или по други основи- оти нема каде да се обжалат.

На оваа тема се огласи и Димитар Апасиев.

"СИСТЕМАТСКАТА РЕПРЕСИЈА на Новиот сдсмовски режим се одвива по следново сценарио: разрешени се сите персонални состави на второстепените жалбени комисии (кои, патем речено ги воведе Стариот режим и требаше да служат како квази-судски органи).
Оттука, постигната е целосна ПАРАЛИЗА на правната заштита на вработените во јавниот сектор! Дали сфаќате колку е ова сериозна работа?

Во меѓувреме, дадени се инструкции на новите комуњарски директори/раководители во сите државни институции да изрекуваат првостепени дисциплински КАЗНИ против вработените службеници, кои се оставени во уставно недозволива позиција на немање правна заштита. Тие, напросто, немаат каде да се жалат - оти жалбените тела не постојат!!! И нивните суспензии можат да траат со години, додека властодршците не се смилуваат да изберат нови партиски послушници во овие комисии.
Додека трае ова налудничаво смислено СЦЕНАРИО, се трупаат предмети во овие жалбени комисии, оти им работат само архивите - и ќе требаат години и години за сите да бидат правосилно завршени. Луѓето не можат да стигнат до Управниот суд, оти немаат конечни акти кои би ги побивале со тужба.

p.s. Ова е пеколен план на СДСМ и скандал од невидени размери, само и само да „успее" референдумот за самоукинување. Но, сега ги нема соросписките „невладини" да кенкаат и врескаат дека има ТИРАНИЈА и ДИКТАТУРА.
Затоа, драги мои, се враќаме во преддржавна состојба! Оставени сме на вродениот природно-правен принцип на самоодбрана и самозаштита.

#БојкотирамСилеџии
#НовиотРежим
#ПробиениСте
#Страховлада
#НеВиСеПлашиме" - напиша Апасиев на ФБ.

 

Веќе извесно време, административци се гневни дека добиваат суспензивни решенија оти припаѓаат или се симпатизери на невладејачката гарнитура. Суспензиите не можат да ги оспорат, а решенијата за нив, според закон, можат да траат и додека трае дисциплинската постапка- која пак може да се оддолжува и до 5 години. За цело тоа време, вработениот е под суспензија а му е оневозможено правото да се жали.

Дали е ова форма на притисок на власта врз административците во пресрет на кампањата и референдумот? Зошто второстепените комисии се разрешени а работничките права одземени?

Алфа денеска го праша Министерството надлежно за јавната администрација. Иако комисиите се разрешени за време на оваа власт и не се формирани нови, од министерството одговорноста ја лоцираат во Собранието. Практично сега непостоеле заради непостапување по случаите со години – велат од кабинетот на Манчевски. Вината била во блокадата на собраниската Комисија за избори и именувања, која ја води пратеникот Илија Димовски.

„На овој начин опозицијата директно врши притисок врз вработените во администрацијата и не им дозволува да ги остварат своите права. Ова не значи дека за никаков притисок од Владата, туку уште еден обид на опозицијата да ги оспорува и кочи реформите." велат од Министерството за информатичко општетство и администрација за Алфа.

Соговорникот на Алфа останува безнадежен. Стравува дека со уште една казна, неоснована по ниеден правен акт- како што вели, може да остане без работа.

Извор: АлфаТВ

Фото: Д.Андоновски

Поврзани

Најнови вести

Коментари