(Фотогалерија) „Македонија блокира“ протестира против уставните измени

Кризниот штаб против промена на Уставот, зад кој стои партијата на Јанко Бачев „Единствена Македонија“ започна со протестите пред Собранието.

Пред законодавниот дом ечат патриотски песни, а собраните облечени во жолти елеци, бараат распуштање на власта.

Велат дека ќе ја дочекаат и Новата Година тука, додека не влезат во Собранието за да ги избркаат пратениците кои ја продаваат Македонија.

Околу Собранието се распоредени припадниците на полицијата, додека внатре се води дебатата за Уставните амандмани.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари