(Фото) Подвозникот на улицата Јордан Мијалков непрооден по невремето

По невремето кое го зафати градот Скопје, подвозникот на улицата Јордан Мијалков не беше прооден за возила.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје соопштија дека екипите се на терен со цел набрзо да го оспособат коловозот за непречено движење на возила.

Скопје попладнево беше зафатено од силно невреме со пороен дожд и ветер, пришто беа поплавени неколку сообраќајници.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари