Фазлиу: Околу 3 милиони евра се ставаат на располагање со програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, денеска присуствуваше на инфо-сесијата на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија, на која присуствуваше и претставникот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини.

Министерот Фазлиу пред присутните се осврна на улогата и важостана на прекуграничната Програма меѓу Македонија и Албанија, приоритетните цели и спроведувањето на проектите во рамките на вториот јавен повик.

„Вториот, актуелен повик за доставување на проектни предлози на располагање ни става нови 2,890,000 евра. Објавен беше на 29. ноември и е добра можност за општините и другите субјекти како потенцијални корисници, да придонесат за подобрување на развојните перпективи на локалните заедници и регионот. Врз основа на резултатите кои произлегоа од анализа на потребите во рамките на Вториот повик ќе се поддржат активности во функција на поттикнување на туризмот и културното и природно наследство, заштита на животната средина, унапредување на приспособувањето на климатските промени и миграцијата, заштита и управување со ризик“, истакна Фазлиу.

Министерот посочи дека со овој повик се зголемени износите за секој поединечен проект на минимум 300.000 евра до максимум 600.000 евра и се продолжува периодот на имплементација на проектите од минимум 18 месеци до максимум 36 месеци.

Тој истакна дека за да се зголеми самоодоржливоста на резултатите од имплементацијата на проектите се воведува категорија инвестиции во набавка на опрема, инфраструктура и градежни работи, кои треба да изнесуваат најмалку 60% од вкупните подобни трошоци, односно од буџетот на проектите и секоја апликација треба да вклучува најмалку една локална власт како водечки апликант или ко-апликант од секоја земја корисничка, една општина од Република Македонија и една општина од Албанија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари